Thursday, June 18, 2015

Писмена изјава до работодавач, со барање за продолжување на договорот за вработување

Пред неколку месеци имав потреба од составување на барање, односно писмена изјава за продолжување на договорот за вработување, по исполнувањето на условите за добивање пензија. За ова претходно прочепкав низ Интерент, но не успеав да најдам шаблон, кој што доколку го најдев ќе ми заштедеше значително време. Токму со таа мисла, во овој напис го споделувам шаблонот кој што го составив, а за кој што се надевам дека некому ќе му биде од корист.

Писмена изјава до работодавач, со барање за продолжување на договорот за вработување

Доставувач на барањето: __________

Јас, __________, вработен/а како __________, во __________, ја доставувам оваа изјава, односно писмено барање до работодавачот __________, со цел остварување на правото за продолжување на договорот за вработување. Моето барање правно го засновам на член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 24 јули 2014 година, објавен во Службен весник на РМ, бр. 113 од 29 јули 2014 година и член 104 од Законот за работните односи, во кои што се утврдени условите за продолжување на работниот однос по исполнувањето на правото за пензионирање.

Имено, во член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, односно член 104, став 2 од Законот за работните односи, утврдено е дека работникот со писмена изјава до работодавачот, може да побара да му се продолжи договорот за вработување, доколку се работи за лице од женски пол најмногу до 65 години возраст, односно доколку се работи за лице од машки пол најмногу до 67 години возраст.

Член 104, став 2:
„Работникот со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст (маж), односно до 65 години возраст (жена), доколку со закон поинаку не е утврдено.“

Според член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, односно член 104, став 3 од Законот за работните односи, утврдено е дека  работотникот барањето треба да го поднесе најдоцна до 31 август, во тековната година.

Член 104, став 3:
„Писмената изјава од ставот (2) на овој член, работникот ја дава најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување од ставот (1) на овој член, а за секое натамошно продолжување на договорот за вработување од ставот (2) на овој член изјавата ја дава еднаш годишно а најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување за наредната година.“

Со оглед на тоа дека годинава ги исполнувам условите за пензионирање, моето барање за продолжување на работниот однос го упатувам во оваа тековна година, пред 31 август, односно на __________ година.

Според член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, односно член 104, став 4 од Законот за работните односи, утврдено е дека  работодавачот е должен по дадената изјава од работникот, да го продолжи договорот за вработување на вработениот, доколку се работи за лице од женски пол најмногу до 65 години возраст, односно доколку се работи за лице од машки пол најмногу до 67 години возраст.

Член 104, став 4:
„Работодавачот е должен по дадената изјава од ставот (2) на овој член да го продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст (маж), односно најмногу до 65 години возраст (жена).“

Се надевам дека работодавачот __________ ќе го прифати моето барање за продолжување на работниот однос, односно дека според член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи и член 104 од Законот за работните односи, ќе констатира продолжување на работниот однос на барателот __________ , вработен/а како __________, во __________.

Датум:
__________
Потпис:
__________

Легенда:

__________ име и презиме на вработениот т.е. барателот
__________ назив на работното место
__________ назив на установата
__________ име и презиме на работодавачот
__________ датум кога барањето е поднесено (треба да е пред 31 август)

Корисни информации:
 

No comments: