Sunday, July 5, 2015

„СТРИП КРЕАТОР“ – одржувач на македонскиот стрип континуитет

Во издание на Стрип центарот на Македонија-Велес излегоа бр. 21 и бр. 22 од ревијата „СТРИП КРЕАТОР“, единствено постојано стрип издание кај нас. Финансиската подршка и овојпат ја овозможи Министерството за култура на Р. Македонија, чии изданијата можат да се набават во стрип книжарницата „Бункер“.

Издавачот ја запазува традицијата во оваа ревија да доминираат најдобрите стрипови од Интернационалниот  стрип салон (во месец октомври оваа година  ќе се одржи 13-тиот  по ред), како што се делата на Саша Арсениќ и Предраг Ивановиќ - Микица (Србија), Кирси Салонен (Финска ), Петар Станимиров и Јоана Младенова (Бугарија ), Михаел Петруш (Полска), Ангела Пиацентини (Италија), сценаристите Предраг Ѓуриќ и Марко Стојановиќ од Србија итн…


Но, заедно со нив, рамномерно застапеност добиваат и млади и неафирмирани стрип автори од нашата земја. Талентите како што се: Јована Велинова, Филип Новески, Бојана Милчевска, Ивана Самандова, Ангела Чалоска), сценаристот Александар Стеванов, текстовите на младиот стрип теоретичар Бошко Караџов… се доказ дека македонската стрип култура има солидна  иднина.

„Ревијата  „СТРИП КРЕАТОР“ (претходно име  „СТРИП АРТ“) има посебно значење бидејки е  единствено постојано печатено списание и доведе  до  континуитет  на македонскиот стрип. Овде своите први стрипови ги имаат објавено и некои  веќе поафирмирани стрип автори од нашата земја. Преку ова списание, но и други активности тие остваруваат контакти на домашно и пошироко ниво. Нивниот ангажман доведува  и до формирае нови стрип субјекти. Само со  професионалност  и конструктивност се доаѓа до  успех, а секој автор треба од „талентиран“ да се претвори во  „квалитетен“

Континуираниот развој на стрип сцената кај нас последниве две децении доведе до зголемено внимание од страна на институциите, пред се од  страна на  Министерството за култура. Тоа е за поздравување, но тоа не смее да се задржи само во сферата на издаваштво. Ние во Стрип центарот секојпат нагласуваме дека стрипот, како начин на изразување, треба да биде етаблиран во секоја средина“ – вели Томе Трајков, културен оператор во СЦМ-Велес.

Преземено

Објавено и на:

No comments: