Monday, October 5, 2015

СЦМ конкурс 2016 - награди

Управниот одбор на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, вчера ги прогласи најдобрите стрипови на Интернационалниот конкурс кој традиционално го распишува тринаесетта година по ред. Одговорноста годинава сигурно била поголема од било кога поради досега рекордниот број на учесници и пристигнати дела - 228 стрипа од 48 држави во светот.

Гран-прито „Златен стрип“ му припадна на тимот Дан Лајос (Романија), Аљоша Томиќ (Србија) и Марко Стојановиќ (Србија). Второто место, пак, го поделија Марија Конопатова (Русија) и тандемот Навид Булбулија (БиХ) и Адмир Хаџимуртезиќ (БиХ).

Иако нивниот број не е голем, меѓу наградените има и неколку македонски стрип-автори. Третото место им припадна на Јована Велинова и Александар Стеванов од Штип, кои заедно со Анастасија Великанова од Русија учествуваа на конкурсот со стрипот „Девојка од сништата“. 


Трето место исто така освои тандемот Игор Крстиќ (Србија) и Ненад Пејчиќ (Србија). За најдобар дебитант е прогласена Александра Најдовска од Демир Хисар, а Никола Димов од Скопје се закити со признанието за најдобар во категоријата до 14 години.

За најдобар сценарист е прогласена Кирси Салонен од Финска, која минатата година освои второ место на истиот конкурс, а најдобар стрип-илустратор е Иван Стојановиќ - Фики (Србија). 

Наградите ќе им бидат врачени на победниците на Стрип салонот кој во Велес ќе се одржи од 16 до 18, овој месец.

No comments: