Saturday, December 12, 2015

Македонски типограф награден во Монтевидео

На типографскиот натпревар TipoType Award 2015, кој што овој месец, во Монтевидео, се одржа по втор пат, една од наградите му припадна на македонски автор. Се работи за меѓународен натпревар организиран од уругвајската компанија - TipoType, специјализирана за продукција, дистрибуција и маркетинг на фонтови. 


На натпреварот, за целосно завршени фонтови, како и за фонт проекти, на кој до 20 септември можеа да се пријават автори не само од Уругвај, ами и од цел свет, македонскиот стрип-автор  и типограф Александар Стеванов освои пофалба од жирито, де факто трето место, имајќи предвид дека, според пропозициите, организаторот доделува само прво и второ место. Покрај оние од домаќинот Уругвај, кои се натпреваруваа во посебна категорија, меѓу наградените има автори и од Аргентина, Мексико, Чиле, Бразил и Колумбија. Со тоа Стеванов е единствениот од деветте наградени автори, кои се натправаруваа во вкупно три категории, кој не е од Латинска Америка.

Фонтот за кој тој освои пофалба е изработен минатата година и се заснова на ракописот на доајенот на македонскиот стрип - Диме Иванов Димано. Називот на фонтот е „Ботин“ според истоимениот стрип-лик на Димано, кој всушност е и негово стриповско алтер-его. Своето воено крштевање „Ботин“ го имаше минатата година, кога беше искористен за дигитално летерирање токму на стрип-албум на Димано, во издание на издавачката куќа „Стрип квадрат“.

Станува збор за релативно обемен фонт, кој има вкупно 350 глифи и 2875 кернинг парови. Покрај кирилични, содржи и латинични букви и поголем број на знаци, а може да се користи за пишување на македонски јазик и на јазиците на малцинствата кои што живеат во Република Македонија, како и за текстови на светските јазици, меѓу кои англискиот, францускиот, шпанскиот, германскиот, рускиот идр.

Дополнително:

No comments: