Македониум на FoundedX

Во овој напис, одново ви претставувам илустрација[1] на архитектонскиот објект за кој пишував пред неколку дни. Се работи за минималистичка илустрација, односно лого, на кое е прикажан споменикот Македониум.
Автор на ова лого, веројатно изработено кон крајот на минатата година, е Дани Јанев. Истото е наменето за потребите на сајтот Foundedx, на кој што Македонија визуелно е претставена токму преку ова ремек дело на македонската модерна архитектура.

Logo as symbol for Macedonia in FoundedX startup community © Dani Janev


[1] Makedonium symbol. Dribbble, 24 декември 2014

No comments: