Slavic culture week

Пред точно 37 години, од 4 до 10 декември 1978 година, во Њујорк, одржана била недела на славјанска култура (Slavic culture week). На оваа манифестација, меѓу другите, претставена била и македонската култура, како што може да се види од плакатот.


Извор на плакатот (необработен): Slava - Слава - Sława

Ваква недела на славјанска култура, во Њујорк била одржана и во 1984 година, за што пишува и престижниот Њујорк Tајмс, во написот „Славјанскиот дух е сè уште жив во Њујорк“*, од кој ви пренесуваме дел:

„Многу од од славјанските соседства на Њујорк се во опаѓање, но славјанскиот дух, минатата недела беше и те како жив. Имаше славјански саем на книги, изложба на славјански слики, како и славјански фестивал на народни танци... Проценето е дека има над 1.5 милиони луѓе со славјанско потекло кои што живеат во Њујорк и околината... Словените се најголема етничка група од Индо-европската лингвистичка фамилија, во Европа. Во неа спаѓаат Полјаци, Чеси, Словаци и Лужички Срби на запад, Срби, Хрвати, Словенци, Македонци, Црногорци, Бошњаци и Бугари на југ, и р Руси, Украинци и Белоруси на исток... Емил Антонов, довереник на мултиетничката радио станица WHBI, изјави: „Несомнено има заживување на славјанскиот дух денес. Се чувствуваме повеќе Бугари, повеќе Хрвати, повеќе Словаци, од кога било порано.“ Г-дин Антонов ја востанови славјанската програма на станицата во 1962 година. Денес има програма на македонски, српски, хрватски, бугарски, словачки, полски, литвански, украински, а се планира наскоро програма и на руски јазик. „Наша главна ролја е да се зачуваат живи традициите и јазикот на старата татковина, но исто така сакаме да им понудиме на новите имигранти и информации за животот во Америка“, рече г-дин Антонов, кој избега од Бугарија во 1956 година.“


"Many of New York City's old Slavic neighborhoods may be on the decline, but the Slavic spirit was very much alive last week. There was a Slavic Book Exhibit, a Slavic Fine Arts Show and a Slavic Folk Dance Festival... There are estimated to be more than 1.5 million people of Slavic descent living in the New York metropolitan area... The Slavs make up the largest ethnic group in Europe of the Indo-European linguistic family. They include Poles, Czechs, Slovaks and Sorbs in the West, Serbs, Croats, Slovenes, Macedonians, Montenegrins, Bosnians and Bulgarians in the South, and Russians, Ukrainians and Byelorussians in the East... Emil Antonoff, a trustee of the multiethnic radio station WHBI, said: ''There's definitely a revival of the Slavic spirit today. We feel more Bulgarian, more Croatian, more Slovak than ever before.'' Mr. Antonoff established Slavic broadcasts at the station in 1962. Now there are programs in Macedonian, Serbian, Croatian, Bulgarian, Slovak, Polish, Lithuanian, Ukrainian and plans for one soon in Russian. ''Our main role is to keep the traditions and language of the old country alive but we also provide new immigrants with information about life in America,'' said Mr. Antonoff, who fled Bulgaria in 1956. Waves of Immigrants"

*Marvine Howe, "Slavic spirit still vibrant in New York", New York Times, November 4, 1984 http://www.nytimes.com/1984/11/04/nyregion/slavic-spirit-still-vibrant-in-new-york.html

No comments: