Блог напис препорака

Би сакал да ви го препорачам написот „Ме избркаа од работа затоа што не станав ВМРО“, на мојот пријател и блогер со долгогодишен стаж, Мартин Стефановски. До пред некој ден, пред да добие отказ, тој беше вработен во Археолошкиот Музеј на Македонија како музејски водич едукатор, функција за која при посетата на музејот и самиот лично се убедив дека ја извршува најпрофесионално.

„Драги читатели и граѓани на оваа држава. Моето име е Мартин Стефановски. Немам партиска книшка ниту планирам некогаш да земам. Сакам да успеам во животот со мои раце и мој мозок без да позајмувам од партијата. За жал државните институции ни се киднапирани од партиски насилници и тие во заложништво го држат нормалниот живот на граѓаните во оваа држава. Поради тоа јас продолжувам да доаѓам секој ден во 6 пред Владата на Република Македонија бидејќи сакам да живеам во нормална држава каде слободно и непречен од никого ќе имам услови да оформам семејство на кое ќе му обезбедам среќен и нормален живот.“

За целиот напис - клик!

No comments: