Friday, October 16, 2015

Ден на храната

По повод 16 октомври - Светскиот ден на храната, прогласен во 1979 година од страна на FAO (Food and Agriculture Organization), организиција основана на истиот датум во 1945 година:

Обожавам шпагети со сос од домати, чоколада со лешници и полнети пиперки. Со нетрпение ја чекам пастрмалијадата, божиќната мисирка и роденденската торта. Кој јаде зло не мисли, боље да љуља него да жуља. Еден хамбургер како ниеден, два само колку да не сум гладен.

Патриотски јадам половина леб со тегла ајвар, за по половина час повторно да ми се пријаде. Не ми е проблем да држам диета со ананас, а поради кладба еднаш изедов цело тенџере макарони. Понекогаш по полноќ проверувам што има во фрижидер - најубаво се спие со празна глава и полн стомак.

Јадам и кога не ми се јаде - важно е да се искористи новогодишниот попуст...

А во Африка некои умираат од глад.

No comments: