Збор

Збор

Зборот е роден,
недоносен, ништо не донесува.
Зборот татне како убиец,
а невин е, тој самиот се убива.

Зборот не допира,
кружи попусто низ прашината.
Никогаш позалудно изговорен,
се опира тивко до тишината.

Зборот нема душа,
бездушен е, а душата ја измачува.
Ја буди совеста во туѓи очи,
свеста, во кошмар, ја помрачува.

Зборот не знае, како неа,
а ја содржи вистината.
Отклучува без клуч железни порти,
но ја остава празна празнината.

Зборот е изговорен,
а нем е, без звук, безгласен.
Небаре никој не го изустил,
зборот е збор, збор - бесмислен.

А.С.

No comments: