Во 2010 година, на проект за изработка на карта на Европа од лего коцки, авторите Vanessa Graf, Tanja Kusserow-Kurth, Torsten Scheer, Bruno Kurth и Tobias Reichling, како најтипичен и најпретставителен архитектонски објект од Македонија го избираат Милениумскиот крст на Водно.
Нешто повеќе за овој проект, за чија реализација биле потребни над пет месеци, можете да прочитате на следнава врска: Милениумски крст, Интернет Македонец
Но Милениумскиот крст, не е единствениот македонски споменик кој што има своја лего верзија.
Кубанска уметничка група „Лос карпинтерос“, инспирирани од споменикот Македониум во Крушево, за кој месецов пишував во два наврати, од лего коцки го создаваат делото „Крушево лего“.[1]
[1] Честит Илинден, Марх.мк
No comments:
Post a Comment