Tuesday, January 31, 2017

Македонски автори застапени во најобемниот балкански стрип-магазин

Традицијата на објавување на стрипови на македонски автори во босанскиот стрип-магазин „Парабелум“ продолжува и во неговиот најнов број, кој според издавачот „Деветта димензија“, здружение на стрип-автори и стрип-љубители од Република Српска, се очекува да излезе во најскоро време. Имено, во листата на шеесеттина автори во овој престижен стрип-магазин, со стрипот „Сѐ што е слатко трае кратко“, застапени се и сценаристот Александар Стеванов од Штип и цртачот Дарко Богданов од Виница.


Во досегашните седум броеви на овој најобемен балкански стрип-магазин, свои дела имаат објавено повеќе македонски автори, меѓу кои Весна Ничевска, Јордан Коцевски, Јован Секулоски и други.

No comments: