Македониум

Во Македонија можат да „никнат“ уште стотина „барокни“ (неокласицистички) архитектонски градби, но тешко дека било која од нив, по својата длабочина, креативност и софистицираност ќе се доближи до безвременското дело на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска - Македониум, познат и како споменик „Илинден“.

За мене, а верувам и за многумина други Македонци, оваа невообичаена градба, не само поради името, претставува најмакедонскиот архитектонски објект од поновата историја, а признание за нејзиниот статус, на почетокот на годината од која што веќе ги трошиме последните дни, стигна и од Њујорк.

Дизајнерот и илустратор Ксинран Ма (Xinran Ma), во изработените од него илустрации, односно картички на тема култни објекти од модернистичката и бруталистичката архитектура, по повод почетокот на 2015 година, го има вклучено и ова македонско ремек дело.

Makedonium / Jordan Grabuloski and Iskra Grabuloskа. Image © Xinran Ma

Ма за над 50-те архитектонски објекти илустрирани од него, вклучително и за Македониумот во Крушево, вели дека се екстремно привлечни и инспиративни, а поради тоа што по иронија на судбината неправедно се подзаборавени, тој почуствувал обврска да ги претстави пред пошироката јавност.

За да видите дел од останатите картички на овој илустратор, кликнете на следната врска:

Start the Year the Right Way With 18 Illustrations of Architecture Classics

Види и:

Милениумски крст, Интернет Македонец

No comments: