Monday, July 6, 2015

Македонска Ризница, триесет и петти број

Триесети и петти број на електронското списание „Македонска Ризница“:


Почитувани читатели,
додека Вие се подготвувате за почетокот на годишните одмори, ние во овој триесет и петти број на електронското списание „Македонска Ризница“ за Вас припремивме низа од интересни написи.

Продолжувајќи ја традицијата, и во овој број Ви претставуваме карикатура, дело на македонскиот карикатурист Никола Анѓелкоски. Се работи за портрет карикатура на револуционерот Пере Тошев. Никола пред еден месец, во Музејот на Македонија имаше самостојна изложба во која што ги претстави своите преубави карикатури токму од оваа серија - македонски револуционери и војводи.

Ќе имате можност да прочитате дел од творештвото на уште една македонска поетеса. Овој пат се работи за поетесата Розита Христовска, со која што исто така направивме и кусо интервју. Ќе видите и дел од досегашното творештво на младата авторка Татјана Врангаловска, која во илустрирањето пронашла интересно хоби.

Од историјата, Ви претставуваме два написи. Во првиот, Бисера Срцева, Маринела Серафимова и Ѓорѓи Ефремов научно го објаснуваат конструираниот термин „бугароубиец“, припишан на византискиот император Василиј II. Вториот, пак, претставува кус цитат поврзан со Гоце Делчев и со легендарното оружје, опеано во македонските народни песни, пушката манлихерка.

Се надеваме дека ќе уживате во разлистувањето на страниците кои што следат.

Со почит,
Александар Стеванов

No comments: