Tuesday, July 7, 2015

Александар Стеванов најдобар стрип-сценарист на Балканот

Штипјанецот Александар Стеванов е добитник на признанието за најдобар стрип-сценарист на 17-та Балканската смотра на млади стрип-автори, која се одржа во Лесковац, Србија



Стеванов стана лауреат за стрипот „Вистинска љубов“, за кој веќе е добитник на второто место на Интернационалниот стрип-салон, кој се одржа во Велес во 2014 година.- Балканската смотра во Лесковац особено им е драга на нашите стрип-автори. Таа беше прва што се отвори кон младата македонска сцена, овозможувајќи контакти со автори, промотори и скаути од разни земји. Освен со масовноста во учеството на отворениот награден конкурс (1.709 автори од 37 земји), нејзиното реноме се потврдува со личното присуство на афирмирани стрип-автори од многу земји.

Александар Стеванов

И оваа година не изостанаа едукативни предавања околу пристапот до светски издавачки куќи, промоции на стрип-сцени и изданија од разни земји и слично. Традиционално доста масовно е присуството на македонската стрип-сцена во сите сегменти на оваа смотра. Само „СЦМ-Велес“ оваа година организирано анимира околу 60 млади таленти од разни градови - истакнува Томе Трајков од Македонскиот стрип-центар од Велес.

Вистинска љубов



Се работи за најстарата манифестација од сферата на деветтата уметност во регионот. Организатори се Лесковачкиот културен центар и училиштето за стрип „Никола Митровиќ-Кокан“.

Објавено и на:

No comments: