Wednesday, July 8, 2015

Македонец е најдобар млад балкански стрип сценарист

Балканска смотра

Македонец е најдобар млад балкански стрип сценарист


Традиционалната Балканска смотра на млади стрип автори, најстариот и еден од најмасовните стрип фестивали на територијата на екс-Југославија, се одржа од 26 до 28 јуни во Лесковац, Србија. На смотрата се пријавиле над 1700 учесници од 36 земји во светот, а присутни биле околу 80 гости од Италија, Велика Британија, Франција, Белгија, Грција, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Бугарија и Србија.

Претставници од Македонија оваа година беа Јован Секулоски, Никола Темков, Дарко Богданов, Јордан Коцевски, Андреј Манев, Златко Крстевски и Владо Николовски.

Традиционално беа доделени и наградите за најдобар млад балкански илустратор, стрип цртач, сценарист, стрип теоретичар и дебитант. Покрај останатите победници оваа година наградата за најдобар млад балкански стрип сценарист ја доби македонскиот сценарист Александар Стеванов од Штип, со што се продолжува континуитетот на наградување на македонските стрип автори од претходните изданија на фестивалот.

Извор: Вечер

No comments: