- И не така одамна, едно од омилените онлајн свртувалишта на авторот на овие редови беше, сега веќе непостоечкиот портал, „Македонска Искра“. Овој портал, за кој што своевремено добив и понуда да бидам дел од уредувачката екипа, и покрај краткиот век на постоење изобилуваше со интересни, ексклузивни, поучни, а понекогаш и пикантни, содржини поврзани со Македонија и нејзинaта историја.
- За жал, сите тие одлични написи кои што беа објавени на порталот, денес, заедно со истиот, тонат во заборав. Но и не е сè така црно. Постоењето на сајтот Internet Archive (Wayback Machine) овозможува да се вратиме во минатото и да видиме како овој македонски портал изгледал на различни датуми.
Македонска Искра, на 13 февруари 2013
- Една од содржините кои што сметам дека не би смееле да се заборават е анкетата објавена на 21 септемви 2010 година, која што трае до 28 декември 2012 година.
Број на гласачи: 1790
Прв глас: Вторник, 21 Септември 2010 14:10
Последен глас: Петок, 28 Декември 2012 13:52
Единственото прашање поставено на оваа онлајн анкета гласи: „Дали сте за повлекување на Македонија од преговорите за името и прогласување на времената спогодба за неважечка?“ Резултатите, пак, по повеќе од две години од денот на објавувањето, се следните:
Да (Yes) 1613 90.1%
Не (No) 175 9.8%
Кој е заклучокот?
Повеќе е од јасно.
Повеќе е од јасно.
Врска до страницата на анкетата (Wayback Мachine): Дали сте за повлекување на Македонија од преговорите за името и прогласување на времената спогодба за неважечка?
No comments:
Post a Comment