Showing posts with label Интернет. Show all posts
Showing posts with label Интернет. Show all posts

Friday, January 22, 2016

Дали сте за повлекување на Македонија од преговорите за името?

И не така одамна, едно од омилените онлајн свртувалишта на авторот на овие редови беше, сега веќе непостоечкиот портал, „Македонска Искра“. Овој портал, за кој што своевремено добив и понуда да бидам дел од уредувачката екипа, и покрај краткиот век на постоење изобилуваше со интересни, ексклузивни, поучни, а понекогаш и пикантни, содржини поврзани со Македонија и нејзинaта историја. 
 

За жал, сите тие одлични написи кои што беа објавени на порталот, денес, заедно со истиот, тонат во заборав. Но и не е сè така црно. Постоењето на сајтот Internet Archive (Wayback Machine) овозможува да се вратиме во минатото и да видиме како овој македонски портал изгледал на различни датуми.

Македонска Искра, на 13 февруари 2013

Една од содржините кои што сметам дека не би смееле да се заборават е анкетата објавена на 21 септемви 2010 година, која што трае до 28 декември 2012 година. 

Број на гласачи: 1790

Прв глас: Вторник, 21 Септември 2010 14:10

Последен глас: Петок, 28 Декември 2012 13:52

Единственото прашање поставено на оваа онлајн анкета гласи: „Дали сте за повлекување на Македонија од преговорите за името и прогласување на времената спогодба за неважечка?“ Резултатите, пак, по повеќе од две години од денот на објавувањето, се следните:

Да (Yes) 1613    90.1%

Не (No) 175    9.8%

Кој е заклучокот?

Повеќе е од јасно.

Врска до страницата на анкетата (Wayback Мachine): Дали сте за повлекување на Македонија од преговорите за името и прогласување на времената спогодба за неважечка?

Tuesday, December 22, 2015

„Смртоносно точниот“ пребарувач Ninja

Најпознатата веб страница во светот, Google, пред неколку месеци го обнови и осовремени својот дизајн.[1] За оваа промена, речиси сите се едногласни дека претставува позитивен чекор.

Google пред септември 2015:


Google сега:


Еволуцијата на Google:


Па сепак, доколку овој нов, минималистички Google веќе ви има здосадено, можеби е време, барем на кратко, да го замените со... 



Ninja, на прв поглед, претставува пандан на Google, или негова мрачна верзија, и, во склад со името кое го носи, се тврди дека овозможува „смртоносно точно пребарување“ (deadly accurate search).[2]

Резултати од пребарување со Ninja:


Всушност резултатите од пребарувањата преку Ninja, се овозможени од никој друг туку од Google, односно истиот претставува Google custom search, со значително лимитирани опции.